еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој ќе биде кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ?

Најдоцна до 11 јануари опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави огласот за пријавување кандидати за претстојните парламентарни избори во Македонија, а конвенцијата за претставувањето на кандидатите ќе се одржи на 16 февруари 2019 година, соопшти претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

-На седницата на Извршниот комитет на партијата, разговаравме за две точки. Првата е актуелната економско-политичка ситуација во Македонија. Ги констатиравме сите промашувања на Владата на СДСМ. Подетално ќе разговараме на седницата на Централниот комитет. Истовремено, ги утврдивме активностите кои ќе се однесуваат на избор на претседателски кандидат кој ќе ја добие поддршката на ВМРО – ДПМНЕ за следните претседателски избори. Тоа ќе кулминира со изборна конвенција која ќе се одржи на 16 февруари 2019 година, изјави Мицкоски.

Извршниот комитет, според Мицкоски, вчера во Прилеп донел заклучок, кој ќе биде презентиран на Централниот комитет на партијата, и на кој ќе се бара поддрршка, за најдоцна до 11 јануари да биде објавен огласот на кој сите граѓани на Македонија ќе може да поднесат кандидатурата со која ќе ја побараат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори.

-Огласот ќе трае десеттина дена. Потоа ќе се констатира листата на пријавените претседателски кандидати. Во рок од 15 дена, не подоцна од 15 февруари, ќе трае нивното образложение за визијата за иден пртседател на Република Макеоднија и за политиките кои ќе ги водат, во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, преку средби со граѓани. Потоа, на 16 февруари, на конвенција, ВМРО-ДПМНЕ, ќе го избере претседателскиот кандидат, односно кандидатот кој ќе ја добие поддршката на партијата на следните претседателски избори, објаснува Мицкоски.

Според него, со оглед на состојбите во државата,опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победа на претседателските избори, а со тоа, вели, ќе започне победата на следните превремени парламентарни избори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да коментира за евентуални имиња кои се споменуваат за можни  кандидати за претседател.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три сценарија за претседателските избори

Кој ќе седне во претседателската фотелја на претседателот Иванов?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ќе му пишува „неоправдани“ на Груевски за неговото отсуство

Редакција

(Видео) Рисицата Атиџе, жива и здрава, талка по шумите на НП „Маврово“

Редакција

(Видео+фото) Како полицијата и пожарникарите извлекуваа заглавени возила во Скопје

Редакција