еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предновогодишно за „27 април“ амнестирани уште петмина

Одделот за Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, во Законски утврдениот рок донесе решенија со кои барањата на М.С., А.З., М.Ц. и В.Н. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 како и барањето на А.Ш. опфатен во предметот со К.бр. 1013/18 ги уважи.

Од Основен суд Скопје информираат дека девет други барања кои се однесуваат на седум обвинети лица со решенија од 28.12.2018 година се одбиени како неосновани и доставени до странките.

Обвинетите, согласно Законот, имаат право на жалба на решенијата во рок од три дена до повисокиот суд.

Сите останати барања, за кои се уште тече рокот за одлучување се во фаза на изготвување решенија и во следните денови ќе бидат доставени до странките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје

Редакција

Нови 105 случаи на Ковид-19 од 946 тестирања

Редакција