еМагазин
Image default
Да помогнеме

Дојчинова Андреева: 2019 година сите ја дочекавте во еуфорија, јас ја чекав во тага

2019 година сите ја дочекавте во еуфорија, јас ја чекав во тага, бидејќи овој дечко наместо да се спрема и дотерува да оди на дочек со другарчињата, тој ги затвараше ушите од огнометот и петардите, напиша Весна Дојчинова Андреева, мајка на Кристијан Андреев на кој му се потребни 4.300 евра за лекување.

„Насмевките на нашите лица се случајни на сликава но со ваша помош со тоа што ќе донирате на броевите без префикс 143-161 за Т-мобиле; 143-463 за Вип; или ќе уплатите на сметките на име Кристијан Андреев 210-7000006478-05 за Македонија и  IBAN CODE MK 07210501699259629 SWIFT TUTNMK22 NLB BANKA AD SKOPJE-Цел на дознака донација за Кристијан ќе ни ја направите 2019 да ни биде година за паметење и со секојдневни насмевки.

До собирање на целосната сума ни фалат уште 4.300 евра.

Македонскиот народ покажа и докажа дека е хуман и верувам дека ќе бидете уште похумани за да ги собереме и последните средства за Кристијан да биде самостално дете, а со тоа ќе го олесниме неговиот живот и животот на сите од неговото опкружување.

Ве сакаме и ви благодариме на сите и се надевам дека ќе можеме сите заеднички да прославиме во оваа 2019 година, а 2020 година Кристијан ќе може да ја дочека на поразличен начин од овие 14 г и наместо да ги затвора ушите ќе им се восхитува на огнометите“, напиша Дојчинова Андреева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донирај за остварување на еден долгогодишен сон, донирај за Неделка

Редакција

Баба Марица менува 4 автобуси и поминува 14 километри за да го носи внучето во школо за деца со попреченост, ѝ треба помош

Редакција

Мими распродава лични предмети бидејќи не може да си дозволи здравствен преглед

Редакција