еМагазин
Image default
Македонија

Уште петмина амнестирани за настаните од 27 април

Уште пет лица обвинети за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија добија амнестија.

Станува збор за лица кои беа обвинети за учество во толпа.

„Одделот за Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, донесе решенија и денеска ги експедира до странките, а со кои барањата на А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 ги уважи, додека сите преостанати барања се одбиени како неосновани“, велат од Кривичниот суд.

Со овие решенија Основниот суд Скопје 1, како што посочуваат оттаму, во законски утврдениот рок постапи, донесе решенија и истите ги достави до странките по однос на сите барања поврзани со Законот за амнестија на настаните од 27– ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јовески: Амнестијата е политичка одлука, доколку зависеше од мене немаше да се случи

Предновогодишно за „27 април“ амнестирани уште петмина

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неопходно е да се донесат уставните измени, чекањето не е добро ниту за ЕУ, ниту за Македонија, порача од Собранието словенечката претседателка

Редакција

Обвинителката од СЈО, Стефанова вели дека истрагата за „Империја“ застанала, нема овластување да побара каде е Камчев

Редакција

Еврокомесарот Вархеји: Власта во Скопје дејствува за искоренување на секоја омраза кон Бугарите

Редакција