еМагазин
Image default
Македонија

Уште нема потребно мнозинство за уставните измени

Премиерот Зоран Заев е оптимист дека ќе се обезбеди потребното мнозинство во парламентот за гласање на уставните измени, но вели дека бројката на пратеници ќе се знае на денот на гласањето.

-Конечниот број ќе го видиме на денот на гласањето. Седницата е закажана за 9 јануари, а според најавите за неприсуство на опозицијата, очекувам дека расправата би траела два-три дена. Чинот на гласањето ќе го покаже резултатот од дебатата, усвојувањето на амандманите, забелешките, вербата. Разговорите со политичките партии продолжуваат, утре имам средба со Билал Касами од БЕСА и драго ми е што албанските партии од опозицискиот блок како БЕСА и Алијанса на Албанците недвојбено поддржуваат за влез на НАТО и ЕУ – одговори Заев на новинарско прашање дали ќе се обезбеди потребното мнозинство за уставни измени, на денешната прес-конференција во Министерство за финансии.

Во однос на ратификација на Договорот од Преспа од грчка страна, Заев рече дека му верува на зборот на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство за ратификација како на Договорот така и на протоколот за влез во НАТО.

– Нова Демократија не е против членството на Македонија во НАТО. Потребни се 300 пратеници во грчкиот парламент за да гласаат за ратификација на протоколот, додаде Заев.

Во однос на писмото на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столетенберг, Заев на него гледа како охрабрување кон двете држави за значењето за вредноста на договорот. Единствено нешто за кое што не се согласува со Столтенберг е процесот да се заврши кон средината или крајот на февруари.

– Зошто би чекале кон средината или крајот на февруари? НАТО може да го достави протоколот за ратификација во грчкиот парламент и кон крајот на јануари или почетокот на февруари, рече Заев.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради притворот на Мијалков и Камчев и Законот за амнестија „висат“ уставните измени: Има потврда за 76 гласа

Џафери може да стане претседател на Македонија: Ако нема цензус на претседателски избори, можни нови уставни измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева си поднесе неотповиклива оставка

Редакција

Шекеринска: Бугарија направи геостратешка грешка

Редакција

Од Ковид-19 починале 14 лица, само едно без коморбидитети

Редакција