еМагазин
Image default
Техно

100 милиони евра во онлајн трансакции во првите три квартали од годинава

Во трите квартала од 2018 година направени се трансакции во вредност од 100 милиони евра со платежни картички за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година, вели Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија.

Трансакциите по број забележуваат уште поголем тренд на пораст во првите три квартали од 39%.

„Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра наспроти 31,15 милиони евра остварени кон домашните е-трговци (33%). 3,8 милиони евра или 4% од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци е направена од иматели на странски платежни картички.

Направените онлајн купувања од имателите на македонски платежни картички кон домашните е-трговци забележува пораст од 51% во однос на истиот период минатата година, додека странците во Македонија потрошиле за 82% повеќе оналјн кај домашните е-трговци.

Сепак треба да имеме и предвид дека во податоците од НБРМ за онлајн остварени трансацкии се бројуваат и трансакциите за плаќања на сметки за вода, струја, телефон кои се реализирани онлајн со платежни картички“, вели Ангеловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку граѓаните трошат на онлајн купување дома и во странство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција од А1 Македонија: 50% попуст на дополнителни ТВ пакети

Редакција

Прва македонска апликација Challenger и награди за „зелени“ километри за чист воздух

Редакција

(Видео) Ново чудо во Кина: Пуштен во употреба најголемиот телескоп во светот

Редакција