еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори, заедно со претседателските

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се распушти Собранието и да се распишат вонредни парламентарни избори, заедно со претседателските.

Ова вечерва пред партиското седиште го изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, откако претходно Собранието ги усвои уставните измени, кои произлегуваат со Договорот од Преспа.

Со ваквата одлука се суспендира волјата на граѓаните, ова претставува чин на предавство!

Почитувани граѓани на Република Македонија, Денес Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше во постојано заседавање и ги донесе заклучоците кои ги изразуваат нашите политички ставови. Прво, ВМРО-ДПМНЕ не ја подржува промената на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, промената на идентитетот, културата и историјата, и тој став е непроменет и конзистентен, и се темели на партиската идеологија, партиската програма, резолуции, акти и документи, и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година. Второ, ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, промената на идентитетот, историјата, културата и образованието се направи на противуставен, противзаконски, нелегитимен, насилен и криминален начин, по пат на притисоци, закани, уцени и пазарења. За нас, за историјата, но и за иднината е значајно, што одлуката за промена на името, идентитетот, културата, образованието, и историјата е одлука на 81 пратеник, но НЕ Е одлука на македонските граѓани. Со ваквата одлука се суспендира волјата на граѓаните, и самиот начин и постапките до кои се дојде до сето ова преставуваат чин на предавство. Трето, со договорот од Преспа се нанесува огромна штета и неправда врз самата македонска држава, македонските граѓани, врз минатите, сегашната и врз идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори во иднина се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена. Четврто, денес се покажа дека Македонија со Заев губи, и доколку овие луѓе од СДСМ и на Зоран Заев останат на власт Македонија ќе продолжи да губи, и на ова и на сите други полиња, и во политиката, и во економијата, и во општеството, секаде. Затоа ова мора да престане, затоа ова мора да се промени, а ќе се промени само доколку овие луѓе си заминат од власт. Токму поради ова, а врз основа на кажаното, ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржување на вондредни парламентари избори заедно со претседателските избори, според законските прописи, и врз основа на минатото искуство, и на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и така волјата на мнозинството на граѓани ќе биде испочитувано!!! Почитувани сограѓани, Народот, вие давате и земате власт. Затоа избори, избори се потребни на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. Избори на кои народот ќе има можност да каже каква Македонија сака. Северна Македонија на Заев, во црнила, понижена и засрамена, или Македонија на народот, горда, напредна, почитувана. Овие црнила на Заев ќе бидат поразени на тие избори, а Македонија ќе победи и зората ќе ја огрее.

Posted by Hristijan Mickoski on Петок, 11 јануари 2019

-Според законските прописи и врз основа на минатото искуство на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и волјата на мнозинството граѓани ќе биде испочитувана. Потребни се избори на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи, народот ќе каже каква Македонија сака, Северна Македонија на Заев, понижена и засрамена или Македонија на народот, горда, напредна и почитувана, рече Мицкоски.

На прашањето кои се следите чекори на партијата, Мицкоски одговори дека тоа ќе се види во периодот, кој следи, а не ја исклучи ниту можноста за бојкотирање на Парламентот.

-Сите опции се отворени. Ова што денеска се случи е црн петок за Република Македонија, за граѓаните, за македонскиот народ, за македонската нација, додаде тој.

Повтори дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на уставото име на РМ, промената на идентитетот, на историјата.

-Тој став е непроменет и конзистентен и се темели на партиската идеологија, програма, резолуции, акти, документи е е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумот на 8 септември 1991 година и на 30 септември 2018 година. Одлуката за промена на името, идентитетот, културата, образованието, историјата е одлука на 81 пратеник, но не е одлука на македонските граѓани. Со ваква одлука се суспендирра волјата на граѓаните и самиот начин и постапките до кои се дојде со сето ова е чин на предавство, нагласи Мицкоски.

МИА/Видео: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хан, Могерини, Столтенберг честитаа за уставните измени, никој не спомнува Северна Македонија

Детална листа: Кои пратеници изгласаа промена на името на државата во Северна Македонија

Македонија станува Северна Македонија: Гласаа 81 пратеник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извршната директорка на Раде Кончар-Апаратна техника лани имала месечна плата од 1.200 евра

Редакција

„Да се прочешлаат сите тендери за ИПА проекти, слонови ќе најдат. Јахи е капка во морето“: Твитер реакции

Редакција

Ковачевски од Солун: Со неодобрување на преговарачката рамка, Скопје и Тирана губат драгоцено време

Редакција