еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери и законот за двојазичност ќе го даде на Уставен суд

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери и директорот на службен весник, но и против сите за кои ќе биде утврдена одговорност дека го прекршиле законот, за објавување на законот за двојазичност без потпис на претседателот на државата, соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително ќе поднесеме иницијатива за испитување на уставноста на законот за двојазичност до Уставниот суд. Со овој закон се урива уште еден темел на Република Македонија кој ги поврзуваше сите етнички заедници кои живеат тука. Овој закон е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт и затоа ваквото однесување на СДСМ и ДУИ е срамно и неприфатливо.

ВМРО – ДПМНЕ ги повикува сите институции на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат операционализирањето на овој неуставен и штетен закон. Доколку одговорните во институциите се соочат со какви било проблеми или закани, ВМРО – ДПМНЕ и правната комисија им стојат на располагање за правна или било каква друга помош.

Власта нема легитимитет за промената на името и спроведување на законот за двојазичност. Граѓаните не го дадоа својот глас за Зоран Заев да се пазари со државата и националните интереси.

Со секој поминат ден со СДСМ на власт штетите по Македонија се огромни. Зоран Заев наместо да се охрабри и да го распушти собранието со цел организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, избега на луксузно зимување во германскиот ски центар Гармиш Партен Кирхен.

Заев бега затоа што знае дека се што направи е против волјата на граѓаните. Промената на името не е по волја на македонскиот народ, туку е поради изнудениот глас на 81 пратеник. Заев бега од избори затоа што сака да ја пустоши државата уште две години.

Македонија не е и не смее да биде сламка за спас на пропадната политичка кариера на Зоран Заев.

СДСМ знае дека во услови на техничка влада со минимални гаранции за фер избори, тие ќе изгубат. Затоа бегаат и не сакаат избори.

Господине Заев провидни сте! Господине Заев и господа од СДСМ покажете храброст и државотворност барем еднаш во животот и распуштете го собранието за организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Изборите се единствен начин Македонија да тргне напред. СДСМ мора да си замине за доброто на државата и нејзината иднина. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори и ќе ги поврати сите штетни процеси кои ги има направено оваа власт“, изјави Јанушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Иванов го прекрши Уставот со непотпишување на законот за јазиците и Преспанскиот договор

Иванов: Објавувањето на Законот за јазици и Договорот од Преспа во Службен весник без мој потпис е противуставно и претставува основа за кривично гонење

Твитер за Законот за јазици: „Како е смештај дан требит на албански? За двојазичноста прашвам…“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се зголемува бројот на деца во градинките

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисиите во Собранието и ќе поднесе предлог-закон за амнестија

Редакција

Заев слетал на софискиот аеродром поради невремето во Скопје 

Редакција