Главна вест изминативе денови во Македонија не беше нејзиното ново име – Северна Македонија, загадувањето или официјализирањето на албанскиот јазик како втор службен во земјава, туку контраверзната српска пејачка – Јелена Карелуша.
По кој знае кој пат во живо гледаме како нечии приватен живот е буквално сервиран по медиумите, со бројни баналности, нецензурирана голотија и глупости, а сосема е неважно дали оваа е само сценарио за уште поголема слава и повеќе пари или нечија одмазда.
Ако не друго, нешто паметно од случајот со Карлеуша, е што уште еднаш треба да се потсетиме дека живееме во време кога треба да бидеме многу внимателни со кого се разменуваме фотографии, лични податоци или чатаме преку камера на интернет.
А за тоа колку вакви модели се погрешни и штетни, пред се за децата, доволно е кажано.
Фото: Инстаграм/Карлеуша