Унгарскиот портал 444.hu објави видео од Никола Груевски, како се шета во трговскиот центар „Вест енд сити“ (WestEndCity), кој се наоѓа во центарот на Будимпешта на познатата улица „Ваци“.
Груевски се шетал кога трговскиот веќе бил подиспразнет пред затворањето на продавниците.
Откако е избеган, азилантот Груевски е честа мета на унгарските медиуми, кои го снимаат и фотографираат по ресторани, продавници и улици.
Видео: 444.hu/Фото: Фејсбук/Груевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Случај „Македонска банка“: Груевски ја повлекол тужбата за клевета против Заев
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат за неговото бегство
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.