Рускиот државен регулатор во сферета на комуникациите Роскомнадзор соопшти дека почнале судски процес проти американските интернет компании Твитер и Фејсбук. Тие се обвинети за непочитување закони со кои се бара лични податоци на руски корисници на социјалните мрежи да бидат чувани на сервери во Русија.
„Тие компании претставија само формални одговори на нашите барања да ја потврдат локацијата на личните податоци на руските корисници во Русија. Во нив нема конкретни податоци за фактичното извршување на законите до овој момент, ниту рокови за извршувањето на тие барања во иднина“, се вели во соопштението.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.