еМагазин
Image default
Македонија

Заев вели дека албанскиот јазик е втор официјален јазик, соопштението на Владата кое го негира тоа не го прочитал

Премиерот Зоран Заев во емисијата „200“ на Алсат М, рече дека албанскиот јазик е втор официјален јазик во земјава, појаснувајќи дека тоа го предвидува и македонскиот Устав и законите.

„Албанскиот е втор, а македонскиот јазик е прв официјален јазик во Македонија и единствен официјален за меѓународна употреба. Употребата е јасно разграничена“, рече Заев.

На прашањето на уредникот на емисијата, новинарот Назим Раиди, зошто тогаш од Владата испратиле соопштение дека македонскиот јазик е единствениот официјален јазик, Заев одговори дека не го прочитал соопштението.

Во врска со Законот за употреба на јазиците рече и дека нема дилема дека е уставен, а и дека при следното отварање на македонскиот Устав, албанскиот јазик ќе стане дел од истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку ќе чини спроведувањето на двојазичноста: Само за Агенцијата за јазици предвидени 8 милиони, а за инспекторатот 7 милиони денари

Џафери до крајот на месецот ќе почне на албански да ги води пленарните седници

Манипулирање со граѓаните: Во Владата изгледа не го прочитале Законот за употреба на јазиците

Од Владата велат дека македонскиот јазик е единствен службен јазик на целата територија на РМ и во нејзините меѓународни односи

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

САД: Очекуваме ЕУ да донесе одлука за преговори со Северна Македонија годинава

Редакција

Пендаровски згрозен од случувањата на Онкологија, повика да се казнат виновниците

Редакција