Новинар на јавниот сервис ЕРТ3, стана топ тема во Грција, бидејќи Македонија ја нарече Северна Македонија во прилог, објавен на 23 јануари, две дена пред Договорот од Преспа да биде ратификуван во грчкиот парламент, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Тој се јави во живо од границата на Грција со „Северна Македонија“, на граничниот премин Евзони.
Реагираше и ЕРТ3 која во соопштение до медиумите објасни дека тоа е личен став на новинарот, а не на телевизијата и дека против него ќе биде покрената дисциплинска постапка.
Сите грчки медиуми во своите извештаи за Македонија ги користат термините „Скопје“ или „ПЈРМ“, Македонците ги нарекуваат “Скопјани“, а за придавката македонско, користат „скопско“.
Дали ќе има промени по ратификацијатата на Договорот од Преспа останува да видиме.
Интересно е да се напомене дека пред неколку години една од најпознатите водителки во Грција, која се уште работи, при пренос на Евровизија во занес најави дека нашиот преставник доаѓа од Македонија, што предизвика лавина од негативни реакции во јавноста, па малку фалеше нејзината кариера да биде уништена.
Фото/видео: ЕРТ3/newsittv
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Грчки пратеник: „Грчка Македонија стана грчка со размена на население“
Како изгледа букварот на македонски јазик, што Ципрас го спомна во грчкиот Парламент
Која била Мирка Гинова која Ципрас ја спомна во својот говор во Парламентот
Зошто Егејците плачеа на говорот на Ципрас: Трагедијата си ја носат со генерации