еМагазин
Image default
Локално

Заразата со мали сипаници се шири низ земјава, во Гевгелија регистрирани две дечиња со морбили

Првите два случаи на дечиња заболени со морбили се регистрирани и во Гевгелија, потврди денеска епидемиологот Сашко Олумчев од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, појаснувајќи дека тие се испратени веднаш на натамошно третирање на Инфективната клиника во Скопје.

На територијата на општина Гевгелија, според доктор Олумчев, се регистрирани 163 невакцинирани деца против мали сипаници и оти на нивните родители им се испратени покани да ги донесат децата на вакцинирање.

– За период од изминативе три недели вакциниравме 52 дечиња и очекувам дека до крајот на идниот месец да завршиме со вакцинирање на сите регистрирани невакцинирани деца на територијата на општина Гевгелија, рече доктор Олумчев.

Во градинките во Гевгелија нема да се примаат невакцинирани деца, а таа мерка ќе продолжи да се применува и по завршувањето на епидемијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца прилепчани краделе од станови во Струмица

Редакција

Кај затвореник во Идризово пронајдени хероин и марихуана

Редакција

Несекојдневна измама: Скопјанец преку социјални мрежи „продавал“ бела техника

Редакција