еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на Телма: Никола Димитров и Стево Пендаровски со најголем рејтинг за претседателските избори

Зоран Заев и Христијан Мицкоски се имињата кои доколку утре се одржат претседателските избори би добиле најголема поддршка од граѓаните. Заев котира со 12,7 процетни, а втор е Мицкоски со 7,8%, покажа најновата анкета на Телма, спроведена од М Проспект од 15 до 30. јануари, на репрезентативе примерок од 980 испитаници.

Но фактот дека и двајцата партиски лидери нема да се кандидираат за претседател, на чело го исфрла Никола Димитров, со 6,9 процент, а веднаш зад него е Стево Пендаровски, со поддршка од 5.8 %.

Следи Зијадин Села со 5,4 проценти, потоа изедначени со 4,2 проценти се Влатко Ѓорчев и Имер Селмани.

Од имињата кои досега се споменуваа како можни кандидати – Радмила Шекеринска и Денко Малески имаат по 2,7 проценти поддршка, а Гордана Силјановска Давкова 1,3 %.

Оливер Спасовски пак добил само 0,9 проценти.

Треба да се напомене дека анкетата е правена пред да биде појасна сликата за тоа кои би биле партиските кандидати за претседател, особено што во албанскиот политички блок ДУИ се уште се тактизира меѓу консензуален кандидат и сопствен кандидат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Распишани претседателските избори, првиот круг е на 21.април

Кој е бизнисменот Мансаков, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Кој е Никита Шекутковски, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот тим очекува средбата со македонските историчари да даде резултат

Редакција

Генчовска пред состанокот во Софија: Бугарија бара целосна примена на Договорот за добрососедство и почитување на правата на Бугарите

Редакција

СДС ја има целата власт да ја раскине концесијата, исто како што ја споија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот

Редакција