Социјалдемократи на Северна Македонија (СДСМ) или само Социјалдемократски сојуз (СДС) – се двете можни варијанти за промена на називот на владејачката партија, согласно со новото име на државата, чија примена почнува од оваа недела, вели висок партиски функционер за весникот Независен.
Не е исклучено веќе на априлските избори за шеф на државата, СДСМ да настапи со модификувано име, пишува весникот.
Во првиот случај, во називот на партијата би влегло новото име на државата, со додавката „Северна“, а би останала истата кратенка што беше употребувана досега – СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.