еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Мира-дизел и го зема приматот на Република Северна Македонија

Во втор план падна стапувањето на сила на уставните измени согласно Преспанскиот договор, а со кои нашата држава веќе е применувана во Република Северна Македонија.

Главна причина за тоа е непотизмот при вработувањето во јавните претпријатија и државни институции кои земаат замав, а еклатантен пример за тоа се вработувањата на братот и синот на пратеничката Мира Стојчевска во РЕК Битола односно во ЕЛЕМ.

Ако се земе предвид дека претходно баџанакот на претседателот на Собранието, Талат Џафери беше избран за член на Антикорупциската комисија станува јасно зошто граѓаните на социјалните мрежи многу повеќе ги коментираа овие вработувања отколку преименувањето на нашата земја.

Ним им е очигледно дека зачленувањето во НАТО нема да донесе кој знае какви промени во однос на злоупотребата на политичката моќ и полнењето на државните институции и претпријатија со роднини на политичари и партиски членови, нешто на кое веќе навикнавме без оглед на тоа која партија е на власт.

Смешно е што власта воопшто не крие дека се вработуваат партиски кадри. Имено, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски јавно си призна дека членови на СДСМ се вработуваат, бидејќи биле дискриминирани во изминативе години додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

На политичарите треба да им биде јасно дека се додека власта ја гледаат како можност за вработување синови, ќерки, други роднини и партиски членови попусто ќе ни бидат и НАТО и ЕУ. Граѓаните тоа добро го знаат и ќе го казнат на избори.

Можеби токму затоа СДСМ донесе одлука да нема предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска

„Кучето на Мира Дизел вработено во гранична полиција“: Твитер „експлодира„

„Која мајка изгубила син… у МЕПСО и ЕЛЕМ ќе си ги најде“: Твитер „прегреа„

(Фото) Владата на Република Македонија стана Влада на Република Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР го осудува оштетувањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Редакција

Охриѓани новиот градоначалник ќе го бираат во вториот круг од изборите: Кој доби најмногу гласови?

Редакција

(Фото) Хероина на денот: Сестра Маја се грижи за заболените од коронавирусот

Редакција