Обединетите нации потврдија дека и официјално се информирани од македонската Влада за новото име на земјата, Република Северна Македонија, изјави официјален претставник на Светската организација.
„Го добивме известувањето за новото име и Советот за безбедност и Генералното собрание ќе бидат информирани веднаш“, изјави претставник на ОН, кој побарал анонимност.
Македонија и Грција доставија заедничко писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.
МИА/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добродојдовте во Северна Македонија: Сменето името на државата на граничниот премин Богородица