еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Албанскиот Парламент го ратификува пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО

Албанскиот Парламент со 130 гласа „за“ го ратификува пристапниот Протокол за членството на Република Македонија во НАТО.

Пленарната седница на Собранието на Република Албанија почна со едноминутен молк во знак на жртвите од сообраќајната несреќа кај Ласкарци.

На седницата присуствува и претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери и амбасадорот Данчо Марковски.

Спикерот Грамоз Ручи изрази задоволство што албанскиот Парламент е меѓу првите парламенти што го ратификува овој протокол и дека Северна Македонија поминала низ многу предизвици до овој момент.

-Ова пристапување се оствари благодарејќи на Преспанскиот договор меѓу двете наши соседски земји, Сверена Македонија и Грција. Ова не би било можно без политичката волја и храброст и еманципација на Албанците на Северна Македонија.

Ми претставува задоволство што Собранието на Република Албанија е од првите парламенти што го ратификуваат овој протокол кој ќе овозможи пристап на Северна Македонија во НАТО. Овој голем чекор беше овозможен преку Преспанскиот договор.

Парламентите на двете земји покажаа голема политичка одговорност, разбирајќи дека недоразбрањето го чуваше во заложништво пријателството меѓу двете земји, како и евроатланскот пат на Северна Македонија, рече меѓу другото Ручи.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По Грција и Словенија го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Грција прва го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партнерот на Ципрас, Каменос: Ниту македонски националност постои, ниту македонски јазик постои, говорите словенски

Редакција

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Директорот на Царината, Танасоски има брат близнак и ќерки близначки

Редакција

Малолетници сакале да се фотографираат на зградата на поранешен „Житомел“, еден од нив паднал во силос за жито

Редакција