еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ нуди сместување за семејствата на повредените од сообраќајката

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја споделува тагата со семејствата на сите кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје–Тетово и им изразува длабоко и искрено сочувство за ненадоместливата загуба.

“Водени од желбата да помогнеме на семејствата чии членови се повредени и се наоѓаат на лекување во Ургентниот центар „8 Септември“ и на другите клиники на територијата на град Скопје, УКИМ ги нуди своите расположливи капацитети за сместување во Домот за постдипломци кој се наоѓа во непосредна близина на болницата, позади Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ и во лекторската зграда која е лоцирана во општина „Аеродром.“ Контакт лице: Илија Богоевски 070 286 173“, велат од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјани нудат сместување за најблиските на повредените во сообраќајката кај Карпалак

Потресни видеа снимени неколку минути по трагичната несреќа на патот Скопје-Тетово

Лавина реакции: Осуда на сите кои даваат политичка конотација на трагедијата кај Карпалак

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Какви се новите правила за работа на теретаните и фитнес-клубовите

Редакција

(Фото) Отворена поликлиниката Сарај

Редакција

Земјава денеска во портокалова алертна фаза: Внимателно, температурите ќе достигнат 40 степени

Редакција