Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и нејзините постојани и придружни членки: Спорт Лајф, Моцарт, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Банана Кик, изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и што поскоро опоравување на повредените во автобуската несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.
“Трагедијата е огромна, болката е заедничка, човечките животи незаменливи. Тагата и болката не познаваат граници, ниту нација, ниту вера. Тагата е заедничка и сите заедно сплотени чувствуваме морална обврска да се обидеме да им помогнеме на нашите сограѓани.
Членовите на АСОМ итно и едногласно донесоа одлука за донирање на средства во висина од 1.200.000 денари како помош за семејствата на настраданите во оваа голема трагедија“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Покренати пет постапки за говор на омраза за трагичната автобуска несреќа
Познат идентитетот на 14. загинати во автобуската несреќа