Различни коментари по социјалните мрежи за професорката Гордана Силјановска – Давкова, првиот официјален кандидат за претседател на државата.
Некои сметаат дека е одличен кандидат, други и забележуваат за тоа дека позади неа стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ, трети и замеруваат за прошетката со актуелниот претседател Ѓорге Иванов, викендов во Охрид, четврти се „фатија“ за нејзиниот физички изглед…
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
Што ви е ова со твитовите што се обидувате да ја дискредитирате: "Како изгледа Сиљановска!"
Вие Мис на Македонија ќе бирате или Претс?
Има толку многу работи да се каже за неа, за политиките што сака да ги спроведе, вие за изглед сте се фатиле!
Па 65 год, како сакате да изгледа?— Виктор Стевич (@ViktorStevich) February 17, 2019
НИКОГАШ нема да поддржам нечие исмејување поради физичкиот изглед.
Срамота колку ниско паднавте. pic.twitter.com/qcElped8c1— ТвитеротНаАнаФранк (@box_kiki) February 17, 2019
Сакам да напишам нешто за сликава ама имам измешани емоции.. 😁 pic.twitter.com/oJiepBCHTZ
— МилаШила (@MilaShila9) February 16, 2019
Проф.Силјановска беше жесток критичар на лошите политики на ВМРО.
Со нејзино номинирање,ВМРО покажува дека се издигнува над партиските во полза на нац.и државните интереси.
Овојпат бојкотот не е опција.
Овојпат сите да гласаме и да го нанесеме првиот во низата порази за СДС(С)М!— zan_valzan73#Macedonia (@zan_valzan73) February 17, 2019
Абе шо сте се фатиле за Гордана Сиљановска? Наш најголем проблем во моментов се СДСМ, ДУИ и нивните криминали! Јас на пример кога БИ гласал на избори, би гласал за неа, секако доколку би била независен кандидат! Нашиот глас повеќе никој не го заслужува. Разберете више еднаш!!
— Диле Јоргачев (@jorgachevski) February 18, 2019
На кого му текна кандидатот да го шета со фукусот?
Поголема антикампања од ова не постои. pic.twitter.com/ozf6G8kLwj— Gandalf the Red (@_RedGandalf_) February 17, 2019
Кој е ставот на Силјановска, кандидатка за Претседател од демо-христијанска партија, во врска со абортус и во врска со законот за антидискриминација?
— T (@TheNarrat0r) February 17, 2019
Истите што сега ја бранат претседателската кандидатка од лошковците што ја исмевале ради стајлингот и возраста, едвај чекаат да исмеат рендом девојка сликана на улица или Лила. Така што не ми се правете многу фини и принципиелни.
— Ջուլիանա (@neiskulirana) February 18, 2019
Партиите натпартиски кандидати предлагаат само кога очигледно губат. Кога во анкетите стојат добро тогаш партискиот кадар ќе се испотепа меѓу себе кој да биде кандидат. Сиљановска сега се жртвува за да им го поткрене рејтингот. Така и СДС направи со Фрчко и со Стево.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) February 17, 2019
Силјановска сака да биде третиот мандат на Хорхе. pic.twitter.com/hSSA2S2Ak2
— V!DanaDsgn (@VidanaDeSign) February 17, 2019
Аргументот дека Сиљаноска не била претставителна и личела на баба НЕ ДРЖИ ВОДА, праксата ни покажуе дека тие Држечите со сакоа од 2000 € т.е "Претставителните" и елоквентни политичари И ЕБАА МАТЕР на државaва, така да за мене Прифатлив е кандидат кој шо има здрав и рационален ум
— Бапчо (@TheFitzzz) February 17, 2019
Може да ја сакате а и не мора. Може да ја поддржувате и гласате, но и тоа не мора. Но ваште кометари за ГСД полни со сексизам и дискриминација врз основа на возраста (ageism) се во најмала рака мизерни и недолични. Инаку, од 15 до 18 век ова би било класичен лов на вештерки.
— Ganka Cvetanova (@gankacv) February 17, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска-Давкова
Силјановска: Посакувам да бидам претседателка кој обединува во овие тешки времиња
Фото: Фејсбук/Силјановска