Во врска со дезинформациите што денеска (18.2.2019) ги изнесе политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на контролите извршени во „Авто мото здружение Гостивар“, ја известуваме јавноста дека Министерството за внатрешни работи вршело контроли и во ова правно лице, како и во другите правни лица што вршат ваква дејност, велат од МВР.
“На 4.4.2018, согласно програмата за работа на Секторот за сообраќајни работи во Бирото за јавна безбедност, извршена е редовна контрола над „Авто мото здружение Гостивар“ и утврдени се недостатоци и пропусти во работењето, односно утврдено е дека не се обезбедува видео запис од возила кои извршиле технички преглед, што е спротивно на чл.8 од Правилникот за технички преглед на возила и поради тоа од страна на МВР е донесено Решение за изречена мерка- Забрана да врши технички преглед на возила и неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена. Правното лице го отстранило недостатокот и писмено го известило МВР дека тоа е вмаправено, по што стручни лица од МВР извршиле повторен надзор и констатирале дека недостатокот е отстранет, за што се изготвени записник и службена белешка.
Откако е констатирано дека недостатокот е отстранет, на 15.8.2018 е донесено решение дека правното лице може да продолжи со работа, бидејќи ги исполнува законските услови.
Апелираме до политичките партии да не шират дезинформации и шпекулации и да не се обидуваат да ја злоупотребат оваа трагедија и да остават институциите да ги утврдат причините за овој трагичен настан“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дурмо турс„ сам на себе си правел технички преглед: Лавина од реакции на социјалните мрежи