еМагазин
Image default
Бизнис

Вработените пред 2003 треба да изјават дали ќе го продолжат членувањето во Вториот пензиски столб

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност за правата на доброволните членови во задолжителен пензиски фонд – втор пензиски столб со склучен договор за членство и прво вработување пред 01.01.2003 година.

Согласно измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување доброволните членови родени пред 01.01.1967 година имаат право да изберат дали:

-ќе го продолжат членството во вториот пензиски столб со давање на писмена Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд или

-ќе го прекинат членството во вториот пензиски столб со давање на писмена Изјава за престанување на членството во задолжителен пензиски фонд.

„Доколку доброволниот член, до 30.09.2019 година, не даде Изјава, на 01.10.2019 година неговото членството во вториот пензиски столб ќе престане. Друштвото ќе ја затвори неговата индивидуална сметка и ќе го пренесе вкупниот износ на средствата во Фондот на ПИОМ, односно членот ќе остане осигуреник во Фондот на ПИОМ.

При изборот помеѓу продолжување или престанок на членство во задолжителен пензиски фонд, членовите треба да ги имаат во предвид нивната возраст, годините на работен стаж при зачленување во втор пензиски столб, очекуваните години на вкупен работен стаж, висината на пензиските придонеси кои им се уплатувани досега, висината на идните очекувани придонеси кои ќе им се уплатуваат и други фактори.

Со цел членовите да го направат изборот кој е во нивен најдобар интерес, Агенцијата им препорачува да ја контактираат на следниот телефонскиот број  02 3224 229“, се вели во соопштението на МАПАС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП за државни патишта склучи договор со “2 СС“ вреден 861 илјади евра

Редакција

Новата година носи нови даноци: За приход од 100.000 денари ќе се плаќа данок од 10.800 денари

Редакција

Народниот правобранител распиша тендер за набавка на возила тежок 1,6 милиони денари

Редакција