еМагазин
Image default
Македонија

За СДСМ сценаристи на инцидент со Јанакиески и Ристоски во затворот во Шутка се Мицкоски и Груевски

СДСМ смета дека случувањата со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шутка во кој беа инволвирани поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се обид на ВМРО-ДПМНЕ за дефокусирање на јавноста од улогата на партијата како осомничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април.

„Медиуми и интернет поратали блиски до ВМРО-ДПМНЕ синхронизирано пласираа голем број неточни, лажни вести и шпекулации како дел од ова сценарио. Однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата „8- Септември“ е само уште една потврда за тоа.

Особено имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот.

СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка. Нема толеранција за било какво насилство.

Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа провокацијата, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Очекуваме, рече тој, сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент.

-Нема да им дозволиме на Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните. Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее, одговороност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има, рече Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

Твитер „експлодира“ за затворскиот инцидент со ексминистрите Јанакиески и Ристовски

По „тепањето“ на Јанакиески и Ристовски: Организирана политичка пресметка или исцениран случај?

ГОБ „8-ми Септември“: Кај Миле Јанакиески не се констатирани никакви телесни повреди

Сите детали: Од затворот во Шутка тврдат дека Јанакиески и Ристовски биле нападнати бидејќи се „закачале“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи во посета на Киев, ќе се сретне со украинскиот колега Кулеба

Редакција

Четири лица не не ја почитувале мерката за изолација, 633 прекршоци за неносење заштитна маска

Редакција

Јетон Шаќири ќе биде нов министер за информатичко општестево и администрација

Редакција