еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Важноста на факторот „време“ при транспорт и доверба кај клиентите

Какво е чувството кога продавачот ќе Ви честита за одличниот избор на автомобил со фенси металик боја и со најнова технологија која веќе е стандардна за новите возила, но ќе Ви соопшти и дека ќе Ви го испорачаат за три месеци!!!

Купивте нов автомобил, ама уште најмалку три месеци, нема да можете да ја почувствувате среќата и возбудата кога моќните коњски сили ќе забрмчат по автопатот. Иако понекогаш и во домашните продажни салони има вакви случаи, сепак тие стануваат реткост, затоа што императив за секој производител е да ги минимизира различните причини што доведуваат до доцнење на испораката на производот.

Сите сериозни компании, без оглед од која индустриска гранка се, посветуваат исклучително внимание при изборот на фирми со кои соработуваат. Одбираат професионалци кои исполнуваат, независно дали станува збор за изработка на одреден дел или за навремен и екстра – брз транспорт.

Во една од најголемите македонски транспортни компании Дени Интернационал велат дека, токму од тие причини, плановите за транспорт и испорака ги развиваат согласно мотото „Јust in time delivery“, односно екстра – брз и навремен транспорт согласно барањата на индустријата. Дени Интернационал соработува со домашни и странски производители на опрема за автомобилската индустрија и вели дека навремената испорака е една од нивните најголеми предности кои ги испорачуваат на клиентите.

„Кај големите производители на автомобили се соочуваме со таканаречен Line stop, односно блокирање на лентата на производство доколку навреме не се испорачаат деловите. Што значи дека за нас, пресметката на факторот време при професионалниот транспорт е наука која многу влијае на довербата кај соработниците. Во предвид мора да се земат сите аспекти кои влијаат на транспортот, затоа што гарантираме дека секоја роба навреме и професионално ќе биде донесена до крајната дестинација и сите предизвици ги решаваме со нашиот професионален тим.

Организираме специјални комбиња и кога е потребно се ангажираат и по двајца шофери за навреме да се стигне до крајната дестинација. Организираме и специјални чартер летови кои доаѓаат во Скопје со само една палета роба, затоа што е неопходна за клиент во автомобилската индустрија. Сето она што е од круцијално значење за клиентот има приоритет.

Целосно сме на располагање и тоа го знаат и потврдуваат многуте наши задоволни клиенти“, вели вели Тони Кркачев, извршен директор на Дени Интернационал.

Возилата под брендот Дени Интернационал се забележуваат на домашните и на европските автопатишта, но и во фабриките во секоја индустриска гранка каде поради карактеристиките на производот потребен е транспорт со стандардни и мега камиони.

Независно од индустријата доцнењето и на најмалиот, но многу значаен дел за конечниот производ, може да повлече прекин во производството и да го чини производителот илјадници евра. Сите алки во синџирот на транспортирање мора внимателно да се испланираат.

Се планираат и долгите колони на граничниот премин при изборот на оптимално најдобрата траса до финалната дестинација. Транспортерот треба да биде професионален, опремен со соодветни превозни средства за да го понуди најдоброто на клиентите и притоа да им гарантира дека ќе го минимизира факторот време.

„Транспортерот мора да биде подготвен за сите потенцијални ризици кои може да се случат во текот на едно возење. Тоа се возила прилагодени според карактеристиките на робата, но кога возилото е на автопат, не може да си дозволите да се расипе.

Затоа се одржуваат возилата, се обновува возниот парк, но во една таква ситуација, професионалниот однос на транспортерот игра голема улога. Како професионалци испраќаме и ново возило на локацијата да ја преземе робата, затоа што внимаваме на факторот Време и на испораката на квалитетен производ“, објаснува Кркачев од Дени Интернационал.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврејската заедница згрозена од регистрaцијата на здружението Цар Борис III во Охрид, кој е докажан соработник на нацистите

Редакција

Македонија доби нова Влада

Редакција

Тројца повредени во масовната тепачка во затворот во Идризово

Редакција