еМагазин
Image default
Локално

Шилегов: Ќе се корегира проектот за Зелениот покрив на ГТЦ

Зелениот покрив на ГТЦ е исполнување на ветеното на Скопје и граѓаните, а со него се добива една нова, урбана и зелена површина за граѓаните, рече градоначалникот Петре Шилегов одговорајќи на советничко прашање на денешната седница на Советот на Град Скопје.

„Градот Скопје заедно со УНДП, пред повеќе од осум месеци потпиша меморандум за соработка од областа на спроведувањето на Стратегијата за климатски промени – Отпорно Скопје, поврзана со мапирање на геотермални точки. Спроведените истражувања покажаа дека покривот на ГТЦ е за 10 степени потопол од преостанатиот простор околу плоштадот „Македонија“ и оттука произлезе идејата дел од овој покрив да биде зазеленет“, кажа Шилегов.

Во однос на реакциите околу идејното решение и изгледот на зелениот покрив на ГТЦ, градоначалникот потенцираше дека тоа е донација од АД „Градски трговски центар“, кој е посебен правен субјект во државна сопственост, а Град Скопје нема допирна точка во структурите на управување на ова претпријатие.

„Идејниот проект за изгледот ни беше доставен од ГТЦ, како трета страна во проектот. Град Скопје учествува во овој проект преку финансирање и обезбедување на средствата, а УНДП ја спроведе постапката. Имајќи предвид дека имаше извесни реакции во јавноста, веќе стапивме во контакт со архитектите и фелата и во рамките на законските можности и правилата определени од УНДП, преку „Скопје урбан центар“ каде што се членки Здружението на архитекти и Архитектонскиот факултет ќе бидат извршени определи корекции на проектот“, додаде Шилегов.

Тој посочи дека целокупниот идеен и изведбен проект за зелениот покрив на Градскиот трговски центар, согласно кој Градот Скопје ќе инвестира во проектот, е донација од претпријатието.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради агресивно однесување прво го привеле синот, па мајката која дошла во станица

Редакција

(Фото) Штип ја доби првата катна гаража

Редакција

Приведено 40-годишно лице во чија што куќа во Скопје беа пронајдени малолетниците во бесознание

Редакција