еМагазин
Image default
Балкан

Близок соработник на Мицотакис осуден за педофилија

Условна затворска казна од 28 месеци и парична казна од 20 илјади евра му одреди грчки суд на поранешниот пратеник на Нова демократија, Никос Георгиадис, за случај поврзан со педофилија, пред околу девет години во Молдавија кога тој бил на позиција во претставништвото на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.

Георгиадис беше прогласен за виновен за обвинувањата за континуирана сексуално злоупотреба со надомест на три малолетни лица над 15 години, а случајот во 2016 година го откри грчкиот весник „Hot Doc“.

По соопштувањето на пресудата, поранешниот пратеник на Нова демократија, како што објавуваат грчките медиуми, рекол дека станува збор за лажни обвиненија и ќе поднесе жалба до Апелацискиот суд.

За целиот случај и првостепената пресуда, со соопштение излезе и кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас. Велат дека случајот нема да има политичка димензија, „иако Георгиадис беше пратеник и близок советник и соработник на Мицотакис, големо оружје и алатка на лидерот на Нова демократија, доколку самиот Мицотакис не му дадеше политички карактер на случајот“.

Ова тврдење од кабинетот на Ципрас го поткрепуваат со тоа, како што соопштуваат, дека од Нова демократија случајот го карактеризирале како политичко гонење, пратеничката Ана Мисел Асимакопулу била сведок во одбраната на Георгиадис, а за време на судењето во судницата имало членови и функционери од опозициската партија.

Фото: ΑΠΕ – ΜΠΕ/neakriti.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Префектот на грчката област Централна Македонија: Сѐ додека сум префект, на таблите ќе пишува Скопје, а не Северна Македонија

Редакција

Од денеска построги рестрикции за влез во Грција од Македонија и Албанија

Редакција

Многу прашања, малку одговори: Како се случи железничката несреќа во Грција, преживеаните сведочат за пеколот низ кој поминале

Редакција