еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Охридска банка Сосиете женерал се продава на Штаермеркише Шпаркасе

Сосиете Женерал со седиште во Париз, акционер на Охридска Банка, кој во моментот поседува 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка, и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Шпаркасенплац „Штаер“, со седиште во Виена, постигнале договор согласно кој, и под одредбите и условите предвидени во таквиот договор, СЖ ќе и ги продаде на Штаер акциите кои ги поседува во Охридска Банка.

„Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите (вклучувајќи ги правилата кои се однесуваат на конкурентски понуди) на Законот за преземање на акционерските друштва.

Денес, управниот одбор на Охридска Банка прими од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка („намера за преземање“). Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања“, се вели во соопштението од банката.

Охридска Банка АД Скопје, Сосиете Женерал Груп, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти.

Во наредните неколку месеци, Сосиете Женерал Груп и Штаер заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи. Охридска Банка АД Скопје ќе продолжи да го услужува населението и корпоративните клиенти со истото ниво на квалитет и посветеност, спремајќи се за непречена транзиција за клиентите, обезбедувајќи притоа стабилност на нивниот однос со банката, велат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејствата на дипломатите и 12 македонски државјани се вратиле од Украина

Редакција

Извозот во првите седум месеци зголемен за 19,4, а увозот за 26,9%

Редакција

Загина 23-годишно момче во сообраќајка на патот Скопје-ХЕЦ Козјак, неколкумина повредени

Редакција