Движењето Беса и Алијансата за Албанците ја поддржуваат кандидатурата на проф. Д-р Блерим Река за претседател на државата,информираат од Беса.
“Како опозициски партии, сметаме дека претседателските избори во земјата немаат значење без кандидат Албанец, бидејќи во спротивно Албанците ќе бидат сведени само на гласачи кои гласаат, но не и за субјект за кој треба да гласаат.
Од принципиелни причини, ја поддржуваме кандидатурата за претседател на професорот Река.
Неговото богато академско и дипломатско искуство би ја зајакнал функцијата претседател на државата“, велат од Беса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски, Димитров или Спасовски: Кој ќе биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.