Ќе излезат ли СДСМ и ДУИ со кандидат Албанец на претстојните претседателски избори е прашање кое заслужува внимание откако вчера движењето Беса и Алијансата за Албанците најавија поддршка на кандидатурата на проф. Д-р Блерим Река за претседател на државата.
Двете партии излегоа со став дека како опозиција сметаат дека претседателските избори во земјата немаат значење без кандидат Албанец и дека во спротивно Албанците ќе бидат сведени само на гласачи кои гласаат, но не и за субјект за кој треба да гласаат.
Сега ДУИ е во своевидна пат позиција, бидејќи доколку денеска со СДСМ соопштат дека заедничкиот кандидат за претседателските избори е Македонец ќе ризикуваат да ги изгубат и гласовите на своите партиски членови кои лесно би можеле да гласаат за Река.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Оливер Спасовски, еден од најсериозните кандидати за претседател на државата
Пендаровски, Димитров или Спасовски: Кој ќе биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател
Фото: Влада