еМагазин
Image default
Балкан

Грција сака да стане наш главен стратешки одбранбен партнер

Се стремиме кон продлабочување на нашата соработка со Северна Македонија, затоа што е од наш стратешки интерес, рече министерот за одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис за време на неговиот говор на четвртиот економски форум во Делфи, Грција.

„Интеграцијата на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе во зацврстување и зајакнување на чувството за стабилност и во зајакнување на соработката и на мирниот соживот во регионот. Се стремиме кон продлабочување на нашата соработка со Северна Македонија, затоа што е од наш стратешки интерес. Имаме важна улога да одиграме, бидејќи ќе биде побарано од оваа земја систематски да ги трансформира вооружените сили за да одговори на потребните стандарди и барањата на алијансата, што се однесуваат на интероперабилноста и стандардизацијата„, рече министерот за одбрана на Грција.

Апостолакис се осврна и на неодамнешната средба во Брисел со неговата колешка, Радмила Шеќеринска и можностите за билатерална одбранбена соработка, но и за секаква можна поддршка за непречена интеграција на нашата земја во НАТО.

„Нашиот стремеж е, нашата земја да стане главен стратешки одбранбен партнер на Северна Македонија. И ќе го сториме тоа“, истакна Апостолакис.

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ослободени тројцата косовски полицајци кои ги уапси Србија

Редакција

Пленковиќ: Не се знае кој, зошто и како ја испратил бомбата тешка 120 килограми, Франција и САД понудија помош

Редакција

Ако се заразите со коронавирусот во Црна Гора, лекувањето е на сметка на државата

Редакција