На 04.03.2019 год. околу 15.00 час.на ул.2-ра Македонска Бригада наспроти црквата во населба Скопје Север при преземање мерка за сторен сообраќаен прекршок, паркирање на возила на коловоз и тротоар, група лица револтирани од постапувањето на полицијата поставиле контејнери на самиот коловоз, при што го блокирале сообраќајот, но по кратко време тој е нормализиран, информира МВР.
Повикано е полициско засилување од редовната полиција, а во меѓувреме насобраните граѓани се разотишле.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.