еМагазин
Image default
Локално

Трагедија: Со камион прегазил 72-годишна жена

Седумдесет и двегодишната Р.К. од село Петровец вчера починала во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ како последица на повредите здобиени неколку часа порано од удар од товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(42) од село Катланово, Скопско.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 09.45 часот во село Петровец, скопско, кога товарното возило удрило во пешакот Р.К.

Од ударот Р.К. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесенa во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Околу 12.30 часот таа им подлегнала на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

61-годишен гевгеличанец обљубил малолетник

Редакција

(Фото) Пуштен во употреба булеварот Босна и Херцеговина, еве како изгледа

Редакција

Малолетно момче и уште еден пешак „колатерална штета“ по судар меѓу два автомобили

Редакција