еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Бошњаковски: Нема простор за паника поради МРСА, преземени се сите неопходни мерки

По спроведени контролни брисеви на вработените не постои простор за паника во врска со откриените случаи на инфекција со бактеријата МРСА во основното училиште во Бутел и во градинката во Чаир, соопшти денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Сакаме да потенцираме дека апсолутно не постои никаков простор за паника. Станува збор за бактерија од групата стафилококни бактерии. Според направените анализи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од резултатите од Центарот за јавно здравје, овој вид на бактерија се лекува со редовни лекарста и со обична антибактериска маст.

Истовремено од страна на ДСЗИ веќе се преземени сите неопходни мерки и во училиштето и во градинката, спроведена е дезинфекција, механичко чистење на просториите и сите други мерки кои ги наложува протоколот при појава на каква било бактерија. Не постои потреба за затворање ниту на училиштето, ниту на градинката, рече Бошњаковски.

Тој потсети дека во училиштето во Бутел единствениот случај на МРСА е регистриран на 22 февруари, а сите останати брисеви од ова училиште биле негативни, додека во градинката во Чаир оваа бактерија била утврдена кај три деца на возраст меѓу пет и шест години. Биле земени превентивно брисеви од 36 деца, две воспитувачки и една хигиеничарка и сите се покажале негативни. Децата заразени со оваа бактерија се на домашно лекување.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каква бактерија е МРСА и како се пренесува

Четири лица заразени од бактеријата МРСА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријавете ги докторите кои шират невистини и псевдонауки за вакцинацијата, велат од Лекарска комора

Редакција

„Оземпик“ да се користи единствено по препорака на лекар за третман на тип 2 дијабетес, а не за слабеење

Редакција

Епископ Партениј со дел од раичкото сестринство во посета на архиепископ г.г. Стефан

Редакција