еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уапсен поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски

Уапсен е Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, додека тој беше прв човек на УБК.

Јакимовски и уште тројца вработени во УБК се осомничени дека злоупотребиле службени пари и го оштетиле буџетот за 50 милиони денари, соопштуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, македонски државјани.

Лицата се осомничени дека како вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 50.670.000 денари.

Имено, во периодот од јануари 2007 година до мај 2017 година, осомничените како службени лица во Управата за безбедност и контраразузнавање, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на „Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК“.

Во наведениот временски период, во 172 наврати, осомничените подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале.

На крајот од годината, документацијата за исплата – „Главните книги за евиденција“ ги уништувале, без посебно одобрение од Директорот на Управата и без записник, притоа не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција. Со ваквите дејствија предизвикале штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 50.670.000 денари.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до Судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје1 -Скопје, достави предлог за определување на мерката -притвор за осомничените“, велат од Обвинителството.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца пациенти починале од корона вирусот, еден од нив на пат кон болницата во Охрид

Редакција

Почина 16-годишното момче кое грчки полицаец го застрела во главата, оти не платило сметка за бензин

Редакција

Детали од МВР: Осомничениот за бруталното убиство на улица „Перо Наков“ пријавил дека на жената и се слошило

Редакција