еМагазин
Image default
Локално

Пожарот на Скопска Црна Гора се уште активен, ангажирани авиони на Дирекцијата за заштита и спасување

Гаснењето на пожарот, што вчера избувна кај Скопска Црна Гора продолжува и денеска. Екипите на противпожарната бригада на Град Скопје се на терен цела ноќ, а од раните утрински часови ангажирани се и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Гори ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Командантот на противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека пожарот кој е активен од вчера во 13:15 часот речиси е изгснат, останува уште непристапниот дел за кој утринава се ангажирани воздухопловите на ДЗС.

Од Центарот за управување со кризи, синоќа информираа дека, екипи на БППЕ на Град Скопје интервенираат на гаснење на пожарот на Скопска Црна Гора, во местото викано Влајингроб, но поради ветрот и непристапниот терен гаснењето е отежнато.

„Пожарот се шири кон селата Никуштак, Виштица и Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Гори сува трева и мешана шума“, информираат од ЦУК.

Пожарот избувна на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пеколни сцени близу Скопје: Се разгорува пожарот на Скопска Црна Гора

(Фото) Голем пожар на Скопска Црна Гора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Дома чувал 51 мигрант

Редакција

Детали од МВР за сударот на моторот и автомобилот на Партизанска

Редакција

Од силниот ветер вчера, дете во Скопје заврши во болница

Редакција