еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Караџиќ осуден на доживотна казна затвор

Хашкиот суд го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ на доживотна казна затвор.

Караџиќ е прогласен за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и за кршење на законите и обичаите на војувањето.

Караџиќ беше лидер на Србите во Босна за време на граѓанската војна во 1990-тите.

Во 2016 година Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКТЈ) го осуди за масакрот во Сребреница во 1995 година и тој беше прогласен за виновен за 10 од 11 обвиненија и осуден на 40 години затвор.

Фото: Peter Dejong/ Pool/AP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров од Атина: Сега е време Европа да го исполни ветувањето за Македонија

Редакција

Бугарија не го признава македонскиот јазик, од ЕУ ќе бара да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“

Редакција

(Галерија) “Error Kolektiv“, Сара Реџиќ и Александра Јовановска за крај на есенскиот Моден викенд Скопје

Редакција