еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Се воведува надоместок и за жените со обострана ампутација на дојка

Со новиот Правилник за листата за видовите телесни оштетувања врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата, Министерството за труд и социјална политика воведува надоместок и за жените кои што имаат обострана ампутација на дојка.

„Досега право на надоместок имаа само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка. Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка.

Во новиот Правилник којшто веќе е на сила се воведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот. Исто така е подобрен и целиот текст на самиот Правилник“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Сите со коморбидитети не умираат од ковид, но речиси сите умрени од вирусот ги имале

Редакција

Во Македонија починале 5 лица кои повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Ленче Ристовска, поранешната обвинителка на СЈО, чека близнаци

Редакција