еМагазин
Image default
Македонија

И СДСМ нема да учествува со свој кандидат во трката за градоначалник на Дебар

СДСМ нема да учествува со свој кандидат за градоначалник на Дебар на предвремените избори во оваа општина, што ќе се одржат на 21. април, заедно со претседателските.

– Донесовме одлука. Нема да имаме наш кандидат во трката за градоначалник на Дебар. Се уште не сме зазеле став дали ќе поддржиме некој од кандидатите, изјави за МИА Азем Фејзоски, претседател на Општинската организација на СДСМ за Дебар.

Свој кандидат за градоначалник нема да има ни ВМРО-ДПМНЕ. Ова за МИА вчера го потврди Афет Авмедоски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Дебар. И тие, според него, се уште немаат став дали ќе поддржат некој од кандидатите.

Рокот за доставување кандидатури завршува денеска на полноќ.

Повеќе од јасно е дека трката за градоначалник на Дебар ќе ја трчаат двајца познати лекери, Хекуран Дука од ДУИ, кој е актуелен вршител на должноста градоначалник и Арбен Аголи од Алијансата за Албанците, кому подршка му даде Движењето „Беса“.

Избори за градоначалник во Дебар се организираат поради смртта на претходниот Ружди Љата, кој на 65 годишна возраст почина на крајот на ноември минатата година, по кусо и тешко боледување.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат во трката за градоначалник на Дебар

Кој е докторот Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Дебар

Докторот Арбен Аголи, кандидат на Алијансата за Албанците за градоначалник на Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЕММ отстапува од грантот во рамки на владината поддршка за здруженија и фондации за мерки за справување со Ковид-19

Редакција

Обвинителството поднесе жалба против пресудата за една од обвинетите во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Редакција

На Комисија во Собрание изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница

Редакција