еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

(Галерија) Пантелис Григори: Trip to sail е уникатна платформа за вашиот одмор да едрите во Грција

Едно поинакво искуство за Вас би било едрењето, можеби поинакво и авантуристичко за да се посетат острови и плажи за кои сте немале пристап во Грција. За тоа што е потребно за да се решите за еден ваков одмор, разговаравме со сосптвеникот на платформата за едрење и планирање одмор – Trip to sale, Пантелис Григори од Грција.

Triptosail.com претставува платформа за едрење и за планирање одмор во Грција. Зошто се одлучивте да направите ваков интернет портал?

Григори: Туризмот и едрењето се огромна и контроверзна индустрија во Грција. Постојат многу активности кои се поврзани со ова поле што понекогаш е тешко и за бизнисмените и за клиентите да изберат што е правилно или погрешно. Кога некој размислува за Грција, најверојатно размислува за одмор, релаксација, плажа… Ова е токму она што Trip-To-Pail го нуди за клиентите – целосен пакет – сонце, море и неповторливи искуства.

Главниот е предизвик е како да се стигне до клиентите, да се согледаат нивните желби и потреби и да им се понуди соодветен пакет. Решението е оваа платформа. Trip-To-Pail ги задоволува сите барања на секој клиент.

Што треба да знаат клиентите за едрењето пред да се одлучат за вакво патување?

Григори: Во суштина ништо особено. Подготовките за вакво патување се исти како за традиционален одмор на плажа. Ова е само уште алтернативен начин да ги поминете вашите одмори во Грција. И во овој случај ќе ги посетите копното, островите, археолошките локалитети и сè друго што би правеле кога патувате на некое место. Единствената разлика е што со едрењето можете да се запознаете со секое мало место, плажа, залив, марина и да ја доживеете целата убавина на грчките мориња.

Како функционира платформата? Кои се чекорите што треба да се направат пред комплетирање на резервацијата?

Григори: Многу е едноставно. Со посета на triptosail.com ќе сфатите за што зборувам. Процесот е следен:

1) Одите онлајн и ги проверувате услугите што ги нудиме. Може да биде само кусо патување, некоја прослава или бизнис повод. Trip-To-Sail ќе ги исполни сите ваши очекувања за да доживеете незаборавно едречко искуство.

2) Потоа треба да одберете која е вашата најпосакувана дестинација со проверка на сите алтернативни правци и острови.

3) Следен чекор е проверка на флотата и избор на едреник од понудената листа. Има спецификации за сите едреници и сите удобности што ги нудат.

4) На крајот клиентот треба да побара резервација со притискање на соодветниот линк кој ќе нам ќе ни покаже какво патување избрал.

Оваа платформа првенствено нуди пакети за одмор, но исто така може да се планираат и патувања за посебни прилики или бизнис потреби. Кои се опциите?

Григори: Trip-to-Sale нема никакви ограничувања во планирањето на настаните. Ние сме во можност да организираме сè што ќе замислат нашите клиенти. Свадби, момински и момчешки вечери. Trip-to-Sale соработува со локални грчки професионални компании кои можат да ги спроведат сите потреби и замисли на клиентите. Нашата флота се користи и за родендени, крштевки, baby-shower и секој друг вид на забава.

Мислам дека е одлична идеја да ги соберете вашите пријатели или семејството и да им понудите уникатно искуство на едрилица. Ќе добиете сè – едрење, пливање, сончање, забава, јадење, спиење, забава – сè едно место, без потреба да се движите наоколу.

Деловните патувања се посебна категорија. Секоја компанија или бизнисмен може да побара работно патување кое Trip-To-Pail ќе го спроведе. Нудиме team building забави и патувања – нашата компанија ќе се погрижи целиот тим да го добие најдоброто искуство и да има можност совршено да се запознае со едноставни и пријатни задачи за едрење и игри.

Од друга страна, нудиме и стриктно бизнис патувања (ние ги нарекуваме инкогнито), кога луѓето едноставно сакаат да се тргнат од сè, да се релаксираат или да се посветат на сериозни задачи. Нашите јахти се местото каде што може да се одржат и тајни бизнис средби далеку од очите на јавноста.

На крајот, за оние што вистински го сакаат едрењето, можеме да организираме флотили и регати. Флотила значи мала флота и не е ништо повеќе од група едреници кои патуваат и пловат заедно исполнети со голема група пријатели. Значи, да бидеме јасни – ако сте 50 пријатели, или можеби соработници, нема да ве собере во една јахта. Току тогаш се организира флотила. Од друга страна регатите се трки на бродови. Секој може да ни се обрати за да го организираме нивното учество на било кој тркачки настан во Грција дури и да најдеме едреници, флота, членови на екипаж.

Цените секако се индивидуални, но колку просечно чини едно патување?

Григори: Trip-to-Sale се грижи за вредноста, а не за цената. Знаеме дека парите се главниот фактор во планирањето на секое патување. Се разбира, ние не зборуваме за нешто недостижно. Цената е директно поврзана со типот на јахтата, бројот на денови, бараните услуги.

Оттука, изнајмување на една јахта може да чини и до три илјади евра, но ако на пример пет пријатели патуваат заедно ќе платат по само 600 евра за еднонеделно крстарење целосно прилагодено на нивните желби и потреби.

Се разбира, овие бројки се само индикатори. Цените може да варираат од 2.000 до 25.000 евра, зависно само од едреници и услугите.

Ние ги советуваме сите да го посетат triptosail.com и да побараат проценка за нивното посакувано патување.

Во моментов, нудиме цели аранжмани односно клиентите треба да ја изнајмат целата јахта, а не само една кабина. За кратко време, оваа услуга исто така ќе биде достапна.

Зошто клиентите би ја избрале вашата платформа?

Григори: Trip-to-Sale е компанија за едрење која соработува со мрежа избрани јахти распространети во различни марини и острови низ Грција. Ние можеме да ги исполниме и најспецифичните барања на клиентите. Соработуваме со мрежа на бизниси низ земјата која ни помага да ги организираме патувањата. На пример, можеме да направиме купување намирници за вас пред вашето пристигнување. Можеме да испланираме какви било активности на бродот или на островите.

Целта на Trip-to-Sale е да понудиме максимално пријатно и незаборавно искуство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „полуде“ за писмото до судиите: „Не се Бејли, Маре мори, не се црви“

Редакција

Акутното бубрежно затајување е значаен фактор во морбидитетот и морталитетот на критично болните педијатриски пациенти

Редакција

Неактивното население голем товар: Доведена во прашање одржливоста на јавните финансии

Редакција