еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Зголемување од 2,5 пати: „Макпетрол“ оствари добивка од 12,5 милиони евра

„Макпетрол“ АД Скопје и подружниците лани оствари вкупен приход во износ од 22,2 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 3,2 милијарди денари, односно остварен е пораст од 16,6%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Во структурата на приходите, најголем удел имаат приходите од продажба со учество од 98,6%, коишто приходи се остваруваат 94,9% со продажба на домашниот пазар.

Во истиот период се остварени вкупни расходи во висина од 21,3 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за само 2,6 милијарди денари или 14,2%.

„На крајот на овој период, друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 850,9 милиони денари, односно добивка по оданочување во износ од 773,2 милиони денари(12,5 милиони евра), која е 2,5 пати поголема од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 314,5 милиони денари (5,1 милиони евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Освен затворска казна од 9 години, на Боки 13 ќе му се конфискуваат и 12 илјади евра

Редакција

Починаа четири нови лица од Ковид-19, двајца од Скопје и по еден пациенти од Куманово и Штип

Редакција

Потпишан Договорот за изградба на интерконекторот за пренос на природен гас Грција-Македонија

Редакција