еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ собира донации за да ги покрие трошоците за претстојните избори

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која важеше за една од најбогатите според поседување на имот во Европа, како што покажа истражувањето на истражувачката центар Скуп Македонија, собира донации за претстојните избори.

На банерот Донирај за избори, кој е објавен и на нивната официјална веб-страница, објавени се две сметки за донации, за избори за претседател и за избори за градоначалници.

Инаку, на 4 ноември, по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата.

„Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката“, соопштија тогаш од СЈО.

Истрагата за „Талир“ се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година, а постои сомнеж за злоупотребени 4,9 милиони евра.

Во истрагата осомничени се 14 лица, а меѓу нив е и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега во Унгарија.

Дел од истрагата е и изградба на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во една прилика изјави дека се размислува седиштето на партијата познато како „Бела палата“ да се продаде, за да се намалат трошоците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на СЈО, замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: На продажба „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ

Како ВМРО ДПМНЕ од една од најбогатите партии во Европа, стигна да има финаниски проблеми и замрзнат имот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Асоцијација на спортски обложувалници предупредува дека 7.700 луѓе преку ноќ остануваат без работа со новиот Закон за игрите на среќа

Редакција

Синот на Џафери и сопругата на Абази станаа обвинители

Редакција

Народна банка склучи договор со Giesecke+Devrient Currency Technology вреден 964,5 илјади евра

Редакција