еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали за официјалната посета на делегацијата од Грција предводена од премиерот Ципрас

Во вторник, 02.04.2019, делегација на Грција, предводена од премиерот Алексис Ципрас пристигнува во официјална посета на земјава.

„Во склоп на посетата делегацијата од Грција ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија.

После неколку кратки билатерални средби помеѓу премиерите и министрите на двете држави во владата на РСМ ќе се одржи меѓувладина седница, а потоа и заедничка прес конференција на премиерите Заев и Ципрас во холот на Владата.

Оттаму, делегацијата на Грција ќе се упати кон Парламентот на средба со претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери.

На крајот на посетата, премиерите Заев и Ципрас ќе го отворат бизнис-форумот кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас“, се вели во соопштението на Владата.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 70 грчки компании дел од бизнис делегација што со Ципрас ќе дојдат во Скопје

Комората на трговци од Солун одби да дојде во Скопје заедно со Ципрас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема договор за минималецот, ако нема промена до среда ќе има штрајк

Редакција

Вкупно 8.111: Нови 136 случаи на Ковид-19, во Скопје најмногу

Редакција

На интернет петиција за поддршка на просветниот инспектор Ѓорги Илиевски

Редакција