еМагазин
Image default
Локално

ЈСП со изменет возен ред, поради затворање на дел од улиците

ЈСП информира дека во недела на 31 март, во период од 8 до 12 часот, поради одржување на Женска трка, автобусите на линиите 8, 15А и 18 ќе имаат изменет режим на сообраќање.

„Затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“, од крстосницата со булевар „Климент Охридски“ до крстосницата со булевар „8 Септември“ (кај МИ-ДА). Затворен за сообраќај ќе биде и булевар „8 Септември“, на потегот од вкрстувањето со булевар „Партизански одреди“ до вкрстувањето со булевар „Илинден“. Автобусите на посочените линии ќе ги користат околните сообраќајници“, се вели во соопштението на ЈСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оштетувањата на мостот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет, вели Арсовска

Редакција

Овчар почина од удар на гром

Редакција

26-годишна девојка од Кавадарци пронајдена мртва во Штип

Редакција