еМагазин
Македонија

Претседателските кандидати Река, Сиљановска Давкова и Пендаровски ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за претседател на државата, Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

Како што е соопштено, настанот го организира Државната изборна комисија врз основа на член 8-в од Изборниот законик.

Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ.

Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречената воспитна мерка за Васил Јованов била согласно законот, нема пристрасност кај судијката, велат од Судскиот совет

Редакција

Мицкоски: Крвави ти се рацете Заев, денес се Миле и Спиро, утре може да биде било кој

Редакција

Ламбе Алабаковски е на слобода, одземен му е пасошот

Редакција