еМагазин
Image default
Македонија

Потсетување до Мицкоски: Основачите на ВМРО-ДПМНЕ бараат итно формирање унија на ветарани

Ветераните-основачи на ВМРО-ДПМНЕ бараат од претседателот и раководството на партијата за итно формирање на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, покрај веќе постоечките Унии на млади сили и на жени.

„Со доаѓањето на новиот претседател на партијата-проф.Христијан Мицковски се интензивираа нашите меѓусебни контакти за најпосле да се успее и преку соодветна форма-објавен јавен оглас во весник за избор на претседател на Унија на ветерани пред скоро една година (мај 2018) и
ставање во Статутот на партијата покрај веќе постоечките две унии да се формира статутарно со полн институционален легитимитет оваа многу респектабилна улога на ветерани која со своите членови, фамилии, симпатизери, пријатели и поддржувачи сигурно како бројка-збирно вреди прилично повеќе од тн. партии од коалицијата Заедно за Македонија. Немојте да се сомневате во тоа…, а замислете каков третман тие имаат кај раководството на партијата.

Со оглед на дадените,а не реализирани ветувања во веќе изминатите 15 месеци (од декември 2017 год.) од страна на претседателот, ја користиме оваа можност преку јавните медиуми да укажеме на овој факт дека ветераните се столбот, темелот на партијата и нивното значење не смее да се маргинализира, да се потценува“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 296 случаи на Ковид-19 од 1.253 тестирања

Редакција

Починаа уште петмина заразени пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 346

Редакција

Атина ќе испрати вербална нота: Македонија следната недела станува Северна Македонија

Редакција