еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Што договорија Николовски и неговиот грчки колега

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Владата на Грција, Алексис Ципрас, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски имаше билатерална средба со неговиот грчки колега, министерот за земјоделство и храна на Грција, Ставрос Араховитис.

„На средбата двајцата министри разговараа за подготовка на Меморандум, кој ќе биде изработен од тимови од двете министерства. Во Меморандумот тимовите ќе треба да ги утврдат областите за соработка во делот на земјоделството и сродните сектори. Николовски и Араховитис, на средбата се договорија двете министерства да работат на размена на искуства, експертска помош, како и иницирање на соработка помеѓу регионите во Република Северна Македонија и во Република Грција, кои се познати по производство на ориз.

Соработката во делот на оризопроизводството би подразбирала понатамошна поддршка на Институтот за ориз во Кочани и пренесување на искуства од страна на Институтот за ориз во Грција, како и иницијативи за локален развој преку воспоставување на соработка помеѓу општините кои се значајни реони за производство на ориз во двете држави“, се вели во соопштението.

Двајцата министри се согласиле дека е потребно заедничко дејствување за заштита на рибниот фонд, договорање на квоти за риболов и собирање податоци, кои се однесуваат на заедничките риболовните води односно на Дојранското и Преспанското езеро, а што е во интерес на двете земји.

Грчкиот министер Араховитис, порачал дека сега е вистинскиот момент за интензивирање на грчко-македонската трговска соработка во делот на земјоделско-прехранбените производи.

Министрите се согласиле дека заеднички треба да работат на одржливоста на руралниот развој и руралните средини особено во пограничниот регион.

“Министерот Араховитис, го покани министерот Николовски да присуствува на заеднички форум во Грција на кој би учествувале надлежните институции од областа на земјоделството и руралниот развој од Република Северна Македонија, стопанските комори и бизнисмените од секторот за преработка на земјоделски производи“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче и неговиот грчки колега договорија обуки на лекарите, научни програми, размени

Заев-Ципрас: Мора да трчаме и брзаме, изгубивме три децении

Фото: МЗШВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граничниот премин „Маркова нога“ ќе биде отворен до 2023 година

Редакција

Србија, Албанија и Македонија формираа заедничка работна група за соработка во енергетската криза и за стратешки проекти

Редакција

Отворено писмо на Заев, Вучиќ и Рама до регионот: Ги покануваме соседите да се придружат на Отворен Балкан

Редакција