еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев-Ципрас: Мора да трчаме и брзаме, изгубивме три децении

Мојата посета тука е прва официјална на грчки премиер во вашата земја. Изгубивме многу време. Мора да трчаме и брзаме, бидејќи изгубивме три децении. Мора да ги преминеме сите овие јазови и да ги премостиме. Да преминеме од историја на војни и наратив на поделби и да се обидеме да изградиме нов наратив, на заедничка соработка и раст. Ова денеска го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Цирпас, нагласи дека Грција ќе продолжи со поддршката на земјава во нејзините напори да продолжи со неопходните реформи и да стане дел од ЕУ.

– Нашата официјална посета денеска претставува историски чекор напред на Балканот и Европа. Ние сме тука да најдеме решение и да гледаме напред, да градиме мостови наместо ѕидови, изјави Ципрас.

Посочи дека на ниво на дипломатски односи создале амбасади и ќе ги заменат контакт точките што досега ги имале.

– Пред неколку месеци Грција беше првата држава што го ратификуваше пристапниот протокол за вашата држава кон НАТО, а денеска потпишавме меморандум за разбирање и унапредување на претпристапните и пристапните процеси на Северна Македонија во ЕУ, порача Ципрас, кој е во прва официјална посета на Скопје, на прес-конференција со премиерот Заев.

Нагласи дека најважното прашање на денешната средба била економијата, зошто, како што рече, мора да забрзаме и ги премостиме јазовите од минатото, како и да избегнеме двојно оданочување.

– Покрај тешкотиите има многу грчки претприемачи кои во моментот работат и се активни во Северна Македонија. Сепак, мојата делегација носи со себе повеќе од стотина претприемачи се со цел да се постигне подобра соработка и односи во иднина. Воспоставивме и координативен комитет за наша соработка, што ќе врши надзор и ќе ги поддржува таквите потфати во рамки на економските односи, изјави Ципрас.

Договорот за одбрана потпишан меѓу двете МНР, посочи Цирпас, претставува доказ за волјата на Грција да помогне во градењето на одбранбените можности и капацитети на Северна Македонија.

– Оваа соработка е важна и опфаќа повеќе сектори. Тука се обуката, одбранбената индустрија, сајбер одбраната, военото разузнавање, како и воздухопловната политика, изјави Ципрас.

Грција, продолжи Ципрас, ќе врши обука на воздушната контрола преку Солун, со цел да се гарантира безбедноста на летовите над воздушнот простор на Северна Македонија.

За да имаме цврсти темели за соработка меѓу двете земји што ќе опстојат низ времето, Ципрас посочи дека мора интензивно да работиме за точно спроведување на Договорот од Преспа.

– Во овој краток период ние преземавме големи чекори напред и така треба да продолжиме и во иднина, изајви Ципрас.

Посочи дека е важно да има институции во двете земји што ќе соработуваат меѓусебно и ќе вршат надзор во спроведувањето на договорот.

Премиерот Заев од своја страна потсети дека првпат во историјата грчки премиер е во посета на земјава, истакнувајќи дека оваа историска посета е силен израз на заедничката политичка волја и јасен знак за решавање на отворени прашања како придонес за еден нов Балкан.

– Од 17 јуни минатата година кога нашите две земји го потпишаа Договорот од Преспа пишуваме историја во неколу наврати. Грција е првата земја што го потпиша Протоколот за членство во НАТО, што е наш стратешки стремеж, а премиерот Алексис Ципрас упати повик до ЕУ да започне преговори за членство со нашата држава. Сето тоа е за победа на политиката на напредок, за мир и пријателство меѓу народите, рече Заев по средбата со Ципрас.

Посочи дека политичката волја, пријателството и довербата изградена во изминатите месеци, не доведоа до денешната седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји, каде што го потпишаа Акцискиот план за зајакнување на сеопфатната соработка согласно Договорот од Преспа.

– Кога гледате кон минатото гледате пропуштени прилики, кога ќе погледнете во иднината гледате отворени можности и заеднички интереси. Двата соседа донесоа храбри одлуки со желба за заедништво, а она што изгледаше за невозможност денес е реалност, истакна Заев.

Рече и дека се договориле до средината на мај заедничка експертска група за комерцијална употреба на името, терминологијата, брендовите, и додаде дека од огромно значење се потпишаните меморандуми од областа на транспортот и разговорите од енергетиката, соработките кои го подобруваат животот на граѓаните на двете земји.

– Месеците наназад стекнав добар пријател. Алексис е мој другар и пријател на нашата земја. Препорачувам сите ние да градиме пријателство со нашиот сосед Грција, и со останатите наши соседи, подвлече премиерот Заев.

Заев истакна дека попладне заедно со Ципрас ќе го отворат бизнис форумот на кој, како што рече, ќе учествуваат над 400 стопанственици од двете земји и оти со овој форум ќе се обноват историски простори што ќе создадат можности за инвестициска, трговска и културна размена.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Заев си направи селфи со Ципрас пред Владата и министрите и новинарите во позадина

(Галерија) Разлики и сличности: И двајцата имаат по две деца, Заев и Ципрас приватно

Партнерката на Ципрас во Скопје ќе има посебна програма со Зорица Заева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евроизбори 2019: Подем на екстремната десница и зелените, мнозинството за традиционалните партии

Редакција

„Буквално никој не верува дека Сашо Мијалков ќе лежи и ден од тие три години затвор“: Твитер за пресудата за Мијалков

Редакција

Детали од МВР: Јакимовски осомничен за бесправна легализација и откуп на земјиште

Редакција