еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кога Турција ќе го ратификува Протоколот: Ќе стане ли Фето услов за НАТО?

Неодамнешната посета на министерот за национална одбрана на Република Турција, Хулуси Акар на земјава, повторно на површина го извади прашањето на функционирање на Фето во Македонија, која Турција ја смета за терористичка организација, во време кога и Турција, како членка, треба да го ратификува Протоколот за влез на земјата во НАТО.

Министерот Акар, предупреди дека структури на организацијата Фето, што постојат кај нас, им штетат на односите на двете земји и го саботираат на некој начин пријателството и братските односи што ги имаме.

„Имаме имиња на некои од поглавните од терористиката организација, што се поделени меѓу институциите на двете земји и длабоко сум уверен дека во наредните денови институциите на Северна Македонија ќе преземат конкретни мерки околу тоа. Им веруваме на институциите на Северна Македонија, порача Акар и изрази надеж дека во наредниот период ќе се направат конкретни мерки да се ослободат од оваа терористичка организација.

„Ние сметаме дека прашањата што се важни на нашите пријатели и сојузници се важни и за нас. Немаме дилеми дека така како што Турција не поддржуваше целиот овој период дури и во ситуации кога навистина беа осамени, така ќе продолжи да не поддржува и понатаму“, одговори министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање што може да се случи откако Акар побара институциите да соработуваат во сузбивање на, според нив, терористичката организација Фето.

„Ние не дискутиравме за прашања на денови или на недели. Ние дискутиравме генерално за прашањата што ги сметаме за важни за едната и за другата земја и така ќе продолжиме да дискутираме и понатаму. Владата на Република Северна Македонија, премиерот и со свои гестови и со присуство на одредени настани покажаа дека ја ценат поддршката на Турција и покажаа дека тој тип на солидарност и поддршка што сме ја добиле сме спремни и да го возвратиме и затоа не очекувам да биде загрозена ратификацијата на нашиот протокол за пристапување во НАТО, изјави Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање дали би била загрозена ратификацијата на протооколот за членство на земјава во НАТО од страна на Турција доколку не се спроведе акција за сузбивање на Фето.

На прашањето кога се очекува Турција да го ратификува Протоколот, Шекеринска потсети дека Турција е во изборна процедура. Она што е корисно да се знае, рече таа, е дека на 5. февруари, токму во овој период, стапи во сила договор за воено финансиска соработка помеѓу Турција и нас и тоа покажува дополнителна подготвеност да продолжиме да го градиме тоа стратешко пријателство.

Протоколот за НАТО досега го ратификуваа 11 од вкупно 29 членки на НАТО.

Двајца припадници на Фето не се повеќе во Македонија

Постапките што се однесуваат на екстрадиција на припадници на организацијата Фето кои се наоѓаат на територијата на земјава ги води Министерството за правда. Моите информации говорат дека се работи за 15 лица, од кои две веќе не се на територијата на нашата држава, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање за барањето од министерот Акар.

Фото: Министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани без работна дозвола ќе можат да работат во Србија и Албанија

Редакција

Зоран Пухач за „еМагазин“: Земјите во ЕУ не воведуваат забрани, туку квалитетно ја регулираат индустријата на игри на среќа

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во ноември

Редакција